Дека изгледот може и тоа како да измами, покажал Американецот Енди Рос од Ванкувер во сојузната држава Вашингтон, кога во супермаркет една мајка го понижила пред ќерката, само затоа што бил валкан, велејќи и на својата ќерка да оди на училиште за да не изгледа како него.
Енди е поранешен болничар, кој сега работи во градежништво, а тој ден се враќал од работа и на пат до дома свратил во маркет, иако бил извалкан од работата.
Додека стоел во редот на касата, забележал дека девојчето од 7-8 години гледа во него, а потоа ја слушнал мајката, која со прстото покажувала кон него, како и зборува дека “поради тоа треба да оди во училиште”.
Eнди се разочарал кога сфатил дека таа мајка го учи своето дете дека луѓето се проценуваат според изгледот, па поради тоа им пришол и се претставил. Кажал кој е и со што се занимава, а подоцна приказната ја споделил на својот Фејсбук профил.
“Прво, јас сум многу образован валкан човек. Не само што имам средно школо, туку и диплома од факултет, како и бројни сертификати за додатно образование. Да претпоставиш дека сум необразован само поради мојот изглед е навистина глупаво.
Второ, ако и велите на вашата ќерка да остане во училиштето бидејќи имам тетоважи по рацете, тоа ќе ја поттикне нејзината креативност и имагинација. Повторно, во спротивност со вашиот став.
Се гордеам на моите тетоважи и уметноста која Форест Бејтмен ја направи на моето тело. Трето, ако мислите на капата (која сега ја немам), веројатно не ја разбирате.
Јас сум сосопственик на компанијата “Еvergreen State Outdoors” и се гордеам на тоа. И последно, јас сум избрал работа во градежништво. Се гордеам на тоа што градам во Америка и уживам во својата работа.
Се обидов да работам во канцеларија и тоа не е за мене. Сакам да работам со моите раце и да бидам во природа. Тоа понекогаш значи да се извалкате. Добро заработувам, имам платени придонеси и можам да заработам за моето семејство.
Така да мојот изглед не ја рефлектира мојата интелигенција или образование” – напишал Енди.
На крајот им посакал угоден остаток од денот со порака во иднина да не судат за луѓето пред да ги запознаат.