Погреб во Кенија морало да биде откажан, откако се открило дека покојниот е жив и здрав.
Гробот на Вилсон Олуоха веќе бил ископан во близина на неговото село Авенидо во западниот дел од Кенија и во него требало да биде закопано телото кое семејството го пронашло на плантажата за шеќерна трска, за кое верувале дека му припаѓа на Вилсон.
Меѓутоа, непосредно пред погребот, семејството дознало дека Вилсон се наоѓа во бар. Еден од роднините заминал да го провери тоа и го пронашол “покојниот” како пие на шанкот.