Момче од Осијек стана вистински хит на социјалните мрежи поради одговорот кој му го даде на новинар кој анкетираше граѓани кои одлучиле топлото време да го искористат и поминат на плажа.
Во анкетата која ја направил новинарот се најде и ова момче кое на прашањето „Кажи ми, како се викаш“, одговори со „Како се викаш?“.
Ваквата негова реакција стана вистински хит во регионот, а видеото се споделува со голема брзина меѓу корисниците на социјалните мрежи од Балканот.