Со само дванаесет години, Габриел како на шега си поигрува со фудбалската топка. Дриблинзи, техника, брзина и многу фудбалско знаење за едно дете кое допрва треба да го покаже својот талент на фудбалските терени.
Габриел Талески е скромно момче и на прв поглед плени со својот спортски шарм. За топката вели дека е негов живот, а фудбалот секојдневие.
Чекор по чекор прилепскиот “wonderkid” ита кон целта, еден ден да прерасне во вистински професионалец, фудбалер кој ќе го брани дресот на националниот тим, а и ќе заигра во голем клуб како неговата Барселона.
Габриел вели дека учи од Меси и од Роналдињо, затоа што тие двајца се негови идоли. Ги проучува и вежба нивните дриблинзи, проигрувања, а потоа ги применува на теренот. За неговите години, каде и да се појави Талески привлекува внимание. Неговата мисија на теренот е да ја поврзува играта, односно да биде моторот на екипата, но секогаш знае да погоди и да изнуди аплаузи на отворено.
Погледнете во продолжение:
Со ова момче Прилеп и Македонија со сигурност ќе се гордеат во иднина. Фудбалска магија која ретко се гледа, а ја има во нозете на нашиот Габриел. Секој негов потег е вистинско уживање, одмор за очите и неверување во неговиот пристап кон фудбалот.
Ние го нарековме “Чудо од дете” и заслужено затоа што со своите 12 години, Габриел има се’ што треба да посака еден клуб. Засега Талески е дел од фудбалската школа “Тони”, а во иднина, кој знае, можеби “Камп Ноу” ќе биде негов втор дом.
Никола Димески за “Радио Пела”