Го нарекуваат малиот Нејмар од Скопје: 10-годишниот Јован Ефтимовски изобилува со врвен фудбалски талент (Видео)

Joван Ефтимовски има 10 години, а веќе е препознатлив неговиот огромен талент за фудбал.

Малиот Јован тренира во школата “New stars” во Скопје, а негов тренер е Данчо Милошески, човек низ чии “раце” поминале многу генерации фудбалери.

Јован ги обожава Нејмар и Роналдињо и од нив учи за фудбалот, со желба и тој да биде одличен фудбалер во иднина и да заигра за некој познат европски клуб.

Малиот Јован игра фудбал од својата шестта година, а негова најголема поддршка се дедо му, тренерот и целото семејство.

Погледнете дел од неговите фудбалски вештини:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.