Го крева ли црквата гласот? Г.Г. Cтeфaн за Дeлчeв: “Ова што се случува денеска е cpaмота”

Денеска се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев. По овој повод на неговото вечно почивалиште панихида одржа поглаварот на МПЦ, Г.г Стефан.

Поглаварот на МПЦ порача дека она што денес се случува е срамно и недостоинствено алудирајќи на преговорите меѓу Македонија и Бугарија околу идентитетот на Делчев.

– Гоце Делчев целиот живот и се што правеше го посвети на својот македонски народ. За жал, ова што се случува по речиси 120 години по неговото заминување е срамно и недостоинствено. Никаде тој не рекол поинаку освен тоа дека се бори за слобода на Македонија и дека никој од соседите не може да биде подобар за Македонија од смаите Македонци, кажа Г.г Стефан на гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.