Го имаме херојот за денес: 9-годишниот белгиски овчар Зиги спаси човек кој беше затрупан 100 часа под рушевините

Турција и Сирија сеуште бројат жpтви од разорниот земjoтрес кој се случи утрото на 6-ти февруари.

Помош за погодените подрачја се собира од целиот свет, а на местото на несреќата пристигнуваат и обучени спасувачки екипи за потрага.

Во оваа борба се приклучија и кучиња трагачи, специјално обучени да бараат преживеани по природни кaтacтрофи. Голема поддршка во оваа мисија дава специјално обучениот белгиски овчар, 9-годишниот Зиги.

Зиги кој е дел од тимот на МУП Србија ги насочил екипите на специфично место во урнатините. По 100 часа пронашол жив човек, а со тоа го оправда статусот на рамноправен член на спасувачкиот тим.

-Пожарникарот Зиги уште еднаш покажа зошто го сметаме за рамноправен член на Специјалистичката екипа за спасување од урнатините на Секторот за вонредни ситуации на МВР. Зиги помириса жива личност и со тоа ги потврди сомнежите дека под урнатините има лице кое дава знаци на живот. Во моментов, локалните спасувачки служби работат на извлекување на лицето, известуваат од МУП Србија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.