Струмичанецот Стевче Стојанов кој важи за близок на градоначалникот на Струмица и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов и на семејството Заеви тврди дека пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи се откажал од гласање за пад на владата откако утринава му се јавила американската амбасадорка Кеј Мари Брнз.
“Ексклузивно и официјално: утрово амбасадорката на САД во Скопје телефонски го замолила г-ин Кастриот Реџепи од БЕСА да не оди на гласање во Собранието бидејќи ако не падне Владата Република Северна Македонија на 15 – ти декември добива датум за преговори со ЕУ. Господинот Реџепи и ветил дека денес нема да оди во Собранието”, пишува Стојанов кој предходно во неколку наврати објавувал информации.
Стојанов кој во Струмица често пати може да се види во друштво со Костадинов во повеќе наврати на фејсбук објавувал информации кои се достапни на луѓе блиски на групата околу Зоран Заев.