Го живeeме нajтоплиот ден во летово дoceга- следи залaдyвaњe

Управата за хидрометеоролошки работи уште еднаш предупредува дека денеска температурата ќе достигне 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засиленветер, претежно во планинските подрачја во севернитеделови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе дотсигне 38 степени.

Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе бидат пониски за пет до шест степени во однос на денешните.

Поради топлото време, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од високи температури.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.