Панамската влада додели 1,4 милијарди долари вредна зделка за изградба на мост преку Панамскиот канал на кинески конзорциум.
Сето тоа ден после посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на оваа земја.
Пекинг планира да го прошири политичкото и економското влијание во Латинска Америка.
How is the Panama Canal, which is located thousands of miles from China, related to the Asian country? Read and find out about the century-old historical ties between #China and #Panama: https://t.co/04rHYByJZw pic.twitter.com/32JuIlCoX2
— People's Daily,China (@PDChina) December 3, 2018
“Панама бележи напредок во односите со Кина и овој проект, чија изградба започнува денеска, недвосмислено е дел од таа порака и зголемувањето на довербата помеѓу двете земји”, изјавил претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела.
Изградбата на мостот спаѓа помеѓу најголемите градежни проекти во историјата на Панама.
Конзорциумот “Panama кuarto puente” со сочинуваат две кинески градежни компании. Истиот тој конзорциум е задолжен за изградбата и на друг мост преку Панамскиот канал (Атланскиот мост, долг 2820 метри), а крајот на работите на овој мост се очекува идната година.