Светските медиуми пренесоа сензационална вест за голем трансфер на Артуро Видал во Барселона. Играчот за врска на Баерн Минхен последните денови се поврзуваше со Интер, меѓутоа повикот од Барселона очигледно не можел да го одбие.
Каталонскиот “Спорт” тврди дека Артуро Видал уште синоќа дошол во Барселона на лекарски прегледи, а Баерн за неговата продажба ќе добие 30 милиони евра. Чилеанецот со каталонскиот великан ќе потпише 4-годишен договор.
Видал во последните денови се поврзуваше со милански Интер, а во последните два дена некои италијански медиуми пренесоа информација дека трансферот е веќе готова работа и дека 31-годишниот играч ќе оди на лекарски прегледи во Милано.
Но, во последните 24 часа се појави Барселона, а нивниот повик Видал не можеше никако да го одбие.
Дали е Видал вистинско засилување за Барса, ако се има во предвид неговото постојано проблематично однесување надвор од теренот?
Arturo Vidal is traveling to Barcelona to complete a medical ahead of a €30m transfer from Bayern Munich, Sport reports. #FCB #FCBayern #Barca
— Ronan Murphy (@swearimnotpaul) August 2, 2018