На 05. Декември 2025., во петок, со почеток од 19 часот, во свечената сала на Културно информативниот центар Битола, Македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”, организираат Божиќен и предновогодишен концерт, кој овoј центар традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на хрватската култура во Битола.
На програмата се концерт на учениците и професорите на Музичкиот оддел на основното училиште Драгутин Тадијановиќ од Вуковар Хрватска, а специјални гости учениците на Државното музичко училиште Битола. Воедно овие три институции имаат потпишано Меморандум на соработка, па и овој концерт е еден од заедничките проекти и чекори кон заедничка соработка и поврзување преку културата на двата пријателски народи.
Покрај одржувањето на овие концерти, одбележувањето на хрватските празници, Хрватскиот културен центар кој постои повеќе од 30 години, секоја година организира презентирање на македонските уметници и групи во Хрватска.
Концертот се организира со поддршка на општина Битола, Централната канцеларија за Хрватите надвор од РХ и Културниот и информативен центар Битола.
























