Гори голема површина под вештачкото езеро во Прилеп: Огнот се заканувал да ги зафати викенд куќите (Фото галерија)

Од утринава на потегот под вештачкото езеро во Прилеп избувнал пожар околу викенд куќите.

Според информациите кои ги добивме горела сува треба, а огнот опасно се заканувал да зафати и дел од викендиците.

За среќа, интервенцијата на пожарникарите спречила таква можност.

На терен е екипа на противпожарната единица Прилеп, кои го гаснат пожарот.

Сомнежите се дека и овој пожар веројатно е подметнат.

Од фотографиите може да се забележи дека огнот зафатил голема површина:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.