Денеска околу 14:30 часот се запали возило Фиат Пунто во близина на градската болница во Прилеп. Од очевидци дознаваме дека возилото било управувано од женско лице кое паркирало на кратко пред неколкуте дуќани.
За миг возилото започнало да испушта густ чад. Еден од сопствениците на дуќаните и возач на автобус кој случајно поминувал со помош на противпожарни апарати, за кратко го спречиле опожарувањето на возилото, но непосредно пред да пристигне противпожарната единица, возилото сепак се запалило.
Пожарникарите за брзо време го неутрализирале пожарот и спречиле поголема штета.
Очевидци говорат дека причината за опожарувањето на возилото е спој во електриката на возилото, поради неисправен систем со плин.