Прилепската гимназија ќе испрати тројца гимназијалци на олимпијади во Саудиска Арабија, во Египет и во Кина.
Гимназијалецот Петар Мирчески ќе биде дел од олимпискиот тим што ќе ја претставува Македонија на олимпијадата по хемија што ќе се одржува од 20 јули во Ријад, Саудиска Арабија, Ивана Атанасоска ќе се натпреварува по географија на олимијадата во Пекинг, Кина од 7 август, а во септември Благој Рујаноски Стојаноски, ќе се натпреварува со своите врсници од светот по информатика на олимпијадата што ќе се одржи во Александрија, Египет.
Повеќе за тројцата успешни ученици, кои се гордост на Прилеп, погледнете во продолжение од прилогот на Елизабета Митреска за утринската програма на МРТВ.