Марко Чаласан, кој има 14 години, се најде на листата на 50 најпаметни тинејџери на светот. Нашето македонско чудо од дете е на 6 место на оваа листа.
Сајтот Балкан инсајд пишува дека Марко е компјутерски гениј, кој на само 8 години веќе имаше добиени бројни признанија и дипломи од Микрософт.
Првиот сертификат го доби на возраст од само 6 години.
Марко е вљубеник во математиката и физиката, почнал да чита и пишува на 2-годишна возраст.
Кога наполнил 4 години веќе зборувал течно англиски јазик.
Тој предава информатика на деца од 8 до 11 годишна возраст во неговото основно училиште.
Течно зборува три јазици, а моментално учи и четврт.
Премиерот на Република Македонија му даде ИТ лабораторија за да си го усоврши своето знаење и да напредува во иднина.
Марко е еден од четирите тинејџери кои не се по потекло од САД, а кои се најдоа на оваа листа.
Според листата, најпаметен тинејџер на светот е Џек Андрака од Мериленд, САД.