ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА! Нашиот шахист Тони Лазов освои сребро на Шаховската олимпијада во Будимпешта (ВИДЕО)

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10 до 22 септември во Будимпешта.

Со 7.5 поени од 8 партии, без ниту една изгубена партија и перформанс рејтинг од 2763, Тони успеа зад себе да остави големи имиња на светскиот шах како Sarana Alexey, So Wesley, Praggnanandhaa R и многу други.

По бронзениот медал на Трајко Недев во 1996 година во Ереван, златниот медал на Драгољуб Јаќимовиќ во 2000 година во Истанбул и среброто на Владимир Георгиев од 2004 година во Калвија, ова е четврти пат еден македонски репрезентативец да се закити со медалја на најголемото шаховско натпреварување.

-Честитки за Тони, му посакуваме успех и понатаму, и се надеваме дека наскоро ќе биде следниот наш шаховски Велемајстор.
И секако уште еднаш да не ја заборавиме целата екипа и стручниот штаб кои допринесоа за овој успех: ИМ Атанас Кизов (селектор), ВМ Евгени Романов, ИМ Тони Лазов, ИМ Никола Николовски, ИМ Емил Ристески и ФМ Антон Златков
– напишаа од Шаховската федерација на Македонија на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.