Гордост е да си Македонец кога тие се на сцената: “Некст Тајм” со “Ја излези Ѓурѓо” предизвикаа бypa од емоции на “Пиво Фест” во Прилеп (Видео)

Третата фестивалска вечер на “Пиво Фест 2022” е зад нас. Илјадници гости синоќа уживаа во настапите на македонските изведувачи: Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски, “Некст Тајм” и “Супер Хикс”, а aтмосферата пред фестивалската сцена доживеа вистинска кулминација за време на настапот на македонските модерни војводи, браќата Стефан и Мартин.

Публиката едноставно грмна на нивните преработки на македонските народни песни. Се вееја знамиња и се пееше во еден глас, а како и секогаш најсилно одекна “Ја излези Ѓурѓо”.

Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.