Горан Пандев се враќа во репрезентацијата

pandev--500

Новиот селектор на „жолто-црвените“, Игор Ангеловски оствари средба со струмичанецот во Џенова и потврди дека напаѓачот кој беше капитен на репрезентацијата ќе му биде на располагање на двете контролни средби на 12 и 17 ноември и во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018.

-Среќен сум што повторно ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со новиот селектор и подготвен сум да се вратам во националниот тим. Помина долго време од мојот последен настап за Македонија и искрено воопшто не ми беше сеедно. Напротив, тешко ги поднесував сите случувања поврзани со репрезентацијата, но тоа е период кој е зад нас. Сега имаме сосема друга цел. Да се обединиме и да се обидеме да бидеме успешни. На секоја репрезентацијата и треба поддршка, верувам дека заеднички ќе успееме да ја подигнеме мотивираноста и квалитетот, вели Горан Пандев за ФФМ.

Искусниот Пандев кој има 75 настапи во „жолто-црвениот“ дрес се повлече од националниот тим по натпреварот против Србија во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2014. Но, тој ја промени својата одлука, што е прва добра вест поврзана со мак-фудбалот по подолго време.

Во квалификацискиот циклус за СП 2016 „жолто-црвените“ ќе играат против Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Луксембург, а присуството на Пандев сигурно ќе биде од големо значење за подмладениот национален тим.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.