Голем скaндaл го тресе фудбалскиот свет! На Нејмар му се заканува казна затвор од 5 години ?!

Бразилската инвестициска компанија ДИС побара затворска казна до пет години и парична казна до 195 милиони евра за бразилскиот фудбалер Нејмар поради наводна измама и кopyпција, пренесува Си-Ен-Ен Бразил.

Компанијата ДИС поднесе тужба против Нејмар, неговите родители, Барселона, Сантос, поранешните претседатели на каталонскиот клуб Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Расел, како и поранешниот прв човек на Сантос, Одили Родригез.

Оваа компанија поседуваше 40 отсто од правата на Нејмар додека тој настапуваше за Сантос. DIS тврди дека продажбата на Нејмар на каталонскиот клуб во 2013 година била значително под пазарната вредност на бразилскиот фудбалер.

-Правата на Нејмар не беа продадени на оној што ќе понуди најмногу. Имаше клубови кои понудија и до 60 милиони евра – изјави адвокатот на ДИС Пауло Насер.

Барселона во 2013 година официјално објави дека трансферот на Нејмар во каталонскиот клуб изнесува 57,1 милиони евра, од кои 40 милиони се исплатени на семејството на бразилскиот фудбалер. ДИС доби 40 отсто од преостанатите 17,1 милиони евра исплатени на Сантос.

Во понеделник во Барселона ќе започне судењето за потенцијална измама и кopyпција при трансферот на Нејмар во каталонскиот клуб во 2013 година.

Шпанскиот национален суд започна со расправа за случајот во ноември 2016 година, но обвиненијата подоцна беа отфрлени поради недостаток на докази. ДИС поднесе жалба за разгледување на случајот бидејќи тврдат дека најголемиот дел од износот на трансакцијата бил скриен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.