Голем празник: Го славиме Преподобен Јоаникиј Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 ноември.

Денеска е Преподобен Јоаникиј Велики.

Црквата ретко дава некому назив Велик. А кога свеста на соборната личност, т.е. на Црквата, ќе го даде некому овој назив, значи дека се работи за извонреден светител. Една таква извонредна светлина за светот бил овој преподобен Јоаникиј. Се родил во Витинија, во селото Мариката. Како момче бил овчарче и уште тогаш го засакал молитвеното тихување. Подоцна се замонашил во еден манастир на Олимп, во Мала Азија и поминал 50 години во подвиг. Од Бога добил големи дарови: ги лечел сите мakи и болecти, изгонувал демони, скротувал yверови, преминувал преку вода како по суво, ги предвидувал идните настани. Проживеал 94 години и мирно се успокоил во 846 година.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Елизабета Угарска.

Живеела во тринаесеттиот век. Била ќерка на Угарскиот крал Андрија Втори и жена на грофот Лудовик со кој имала три сина кои ги воспитувала според христијанството. Била богата, скромна во облекувањето и градела домови, во кои ги примала сиромашните, старите луѓе и болните. И се молат верниците за разни потреби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.