Утрово околу 4 часот пожар избувнал во еден од дуќаните отспротива џамијата во центарот на Прилеп. Пожарот го забележал вработен во ЈКП Комуналец кој веднаш пријавил во Противпожарната единица Прилеп.
За кратко време објектот бил целосно опожарен, а огнот се проширил и врз кровната површина на соседните дуќани.
Брзата интервенција на ТППЕ Прилеп била клучна и пожарот бил ставен под контрола, а со тоа била избегната и дополнителна штета врз останатите објекти.
Пожарникарите интервенирале со неколку возила и спасиле ширење на огнот во овој дел од чаршијата, каде постои поголема густина на објекти на едно место.
За среќа нема повредени и причинета е само поголема материјална штета.