Голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на 11-ти Октомври во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за “Обнова на Македонија”, утре со почеток од 19:30ч, на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп ќе одржат голем народен митинг.

Пред граѓаните ќе се обрати кандидатот за градоначалник за општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Јовчески пред прилепчани ќе ги претстави проектите од изборната програма, кои од партијата велат дека ќе значат нова иднина за Прилеп и населените места.

Анкетите во пресрет на изборите му даваат солидна предност на Д-р Јовчески во однос на неговиот конкурент Горан Сугарески.

Според анкетата на Институтот “АКСИОС” спороведена од 24.09 до 28.09.2021, за Борче Јовчески се изјасниле дека ќе гласаат 25,4% од граѓаните. За Сугарески од СДСМ би гласале 20,7% од прилепчани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.