Голем број прилепчани го искористија бесплатниот скрининг за детектирање на хепатитис и болести на црниот дроб (ФОТО)

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, вчера во Прилеп се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје. Настанот беше дел од националната кампања и се реализираше во координација со Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, со поддршка од градоначалникот Борче Јовчески и директорот на болницата Кире Јоноски, како и во партнерство со Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Центарот за јавно здравје – Прилеп и Хепар Центар Битола.

Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот. Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Борче Јовчески и директорот на болницата Кире Јоноски, кои лично ја посетија мобилната единица и ја поздравија оваа важна здравствена иницијатива.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата.

Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.