Пред Основниот суд Скопје 1 се одржува протест за, како што велат организаторите, правда за Никола Груевски. Голем број граѓани се собраа пред Судот, а потоа излегоа на булеварот, кој сега е затворен за сообраќај.
Насобраните граѓани побараа да престане политичкиот прогон и порачуваа – „Поддршка за Груевски, неговата борба е и наша борба“.
-Почитувани граѓани, Членови на ВМРО-ДПМНЕ, Македонци и Македонки, Браќа и сестри, Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски, стоеше во повикот за протестот.
Извор: infomax.mk