ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ! Факултетот за туризам при Универзитет “Скопје” доби сертификат за квалитет од UN Tourism

На маргините на Генералното собрание на Светската туристичка организација на Обединетите Нации (UN Tourism), што се одржуваше во Ријад, Саудиска Арабија, директорот за иновации, едукација и инвестиции, Антонио Лопез де Авила му го додели сертификатот за квалитет за Факултетот за туризам на Универзитет Скопје, на ректорот Аце Миленковски.

Со овој TedQual сертификат, се потврдува квалитетот на наставата на Факултетот за туризам во прв и втор циклус од страна на UN Tourism.

До ова големо признание доаѓа откако во февруари годинава, претставник на UN Tourism, проф. д-р Антонио Карлес од Валенсија и меѓународен ревизор за квалитет во високото образование, неколку дена беше во Скопје за да изврши евалуација на квалитетот на Факултетот за туризам на Универзитет Скопје. По извршената евалуација, професор Карлес изјави дека Универзитет Скопје го има меѓу 100-те најдобри во светот Факултети за туризам.

Всушност, Факултетот за туризам на Универзитет Скопје и досега имаше TedQual сертификат, кој сега е обновен и за наредните три години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.