Новиот божји храм посветен на Св. Петка во Прилеп денес го дочека светото осветување на радост на сите граѓани и добронамерници присутни денес на овој чин. Црквата иако е доста голема, беше претесна да ги собере стотиците верници кои доаѓаа од сите страни на градот, носејќи со себе дарови и свеќи, за здравје, за спасение.
Пееше и црковниот хор, се чувствуваше божјото опкружување околу сите нас. Прилепчани покажаја дека се големи верници во Бог и покажаја огромна почит кон Светицата, со длабоки воздишки и радост на лицата.
Се виде колку овој храм им значел на сите и дека со нетрпение се очекувало отпочнувањето на светите литургии и отворените врати во секој ден од неделата.
На чинот на осветувањето присутни беа челниците на градот, градоначалникот Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, претставници на бизнис секторот, претседателката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со чинот на осветувањето на храмот чиноначалствуваа владиците Петар и Климент.
Нека ни е за многу години !