Доколку Старата дама ги реализира зацртаните цели за летниот прелазен рок, тимот и понатаму ќе доминира во Италија, а можеби и во Европа.
Примарна цел за Јуве, ќе биде трансферот на Алексис Санчез, пишува Тутоспорт.
Неверојатниот Чилеанец неколку години е желба на раководството на Јувентус и одлично би се вклопил во новата формација 4-2-3-1, која започна да ја практикува тренерот Масимилијано Алегри.
Санчез не сака да го продолжи договорот со Арсенал, па “топџиите” ќе бидат приморани да го продадат ова лето.
А.Г.