Заврши Светиниколскиот турнир во мал фудбал. Во финалето се сретнаја најдобрите, екипите на Дени Мебел и Мите Транс. Во преполната Арена Сонце, љубителите на фудбалот уживаа во одличен фудбал и многу акција. Екипата на Мите Транс победи со 2:1 во вечерашното финале и го освои наградниот фонд од 200 000 денари.
Второпласираниот Дени Мебел освои 140 000 денари.
Во натпреварот за третото место се сретнаја екипите на Кабелнет и Автоконтрол. Во регуларниот дел од натпреварот беше 1:1, а екипата на Кабелнет победи по изведувањето на пеналите со 4:3
Пред одигрнувањето на финалниот натпревар беше промовирана и новата навивачка песна “Горд навивач” на навивачката група Мајмуни.
Изминаја одлични две седници во ритамот на фудбалот. Одлична организација, добро подготвени екипи и пред се дружење го красеше овогодинешниот турнир. Очекуваме традицијата да продолжи и до година.