РК Прилеп и во второто коло забележа триумф, овојпат на гостувањето во Битола над фаворизираниот Пелистер.
Иако Пелистер имаше навидум големо водство на полувремето (17:12), прилепчани беа незадржливи и фуриозни во вториот дел, па со резултат 13:20 во второто полувреме, стигнаа до голема победа од 30:32 и се искачија на врвот на табелата.
Во тимот на РК Прилеп, Бозароски и Орјоникидзе беа незадржливи, а голманот Рајичиќ ја спушти ролетната на својот гол.
Во наредното коло прилепчани го пречекуваат новиот прволигаш исто така од Битола. Под Марковите Кули гостува екипата на Еурофарм Работник.