Големите луѓе прават големи дела: Прилепчанка ги обезбеди сите свои колешки со заштитна опрема (ФОТО)

Прилепчани со големи срца

Секој човечки живот е важен, а здравјето и заштитата на здравствените работници кои секојдневно се изложени на опасност од Ковид-19 е приоритет во овие тешки времиња за сите.

Невенче Момироска која работи во гинеколошко акушерското одделение во општата болница “Борка Талески” во Прилеп, заедно со нејзиното семејство и со помош на графичкиот инженер Зоран Дамчески и конфекцијата “Мартекс”, донираа заштитни визири, медицински маски и медицински нараквици за сите сестри од ова болничко одделение.

Секоја чест за големиот гест и истиот нека биде поттик за секој оној кој е во можност да донира!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.