После помошта за прилепската болница, македонскиот фудбалски голгетер Илија Несторовски уште еднаш ја покажа својата големина и овојпат испрати помош за оние на кои им е најпотребно.
Македонскиот репрезентативец и напаѓач на калчолигашот Удинезе, заедно со неговото семејство подготвија пакети со помош пред Велигден за повеќе социјално загрозени семејства во Прилеп.
-Во време на пандемијата од коронавирусот, едно од најголемите зла на денешницата, а во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, фамилијата Несторовски ви посакува убави моменти во кругот на семејството со пораката: “Остани дома”