Синиша Михајловиќ, кој води борба со лекуемија, покажува дека може да се даде отпор на страшната болест. Славниот српски фудбалер, кој сега е тренер на Болоња, ја напушти болницата и интензивната терапија за синоќа да седне на клупата на својот тим.
Болоња и гостуваше на Верона, а Михајловиќ, по неколку недели во болница повторно го зазеде своето место како шеф на стручниот штаб и лично го предводеше тимот.
Михајловиќ на 13 јули и соопшти на јавноста дека боледува од леукемија и дека во текот на лечењето ќе го следи и ќе води својот тим од болничката соба.
Тоа досега го правеше гласно и бурно преку видео врска, но сега направи голем чекор кон нормализирање на животот и повторно застана крај зелениот терен.
La giocata più bella di questa prima giornata di #SerieA: #Mihajlovic in panchina! Emozione vera! pic.twitter.com/pbhOKS9SS3
— Alessia Novelli (@AlessiaNovelli2) August 25, 2019