Големината на човечкото срце е во неговата хуманост: Прилепчанец дарувал кpв 104 пати

Пеце Илиоски досега 104 пати има дадено крв. На секои 3 месеци, односно годишно 4 пати. Потекнува од семејство со долгогодишна дарителска традиција. За денот на крводарителството, 17 март, Илиоски доби плакета од Општината. Локалната самоуоправа ќе го награди и парично со вредносен ваучер.

-Доста е развиено крводарителството. Има повеќе млади кои даруваат крв. Даруваме за да спасиме нечиј живот. Дарувам 4 пати годишно или вкупно 104 пати. Традиција е дарување на крв во семејството. Татко ми ја подал раката 60-тина пати, мајка ми и брат ми по 20-тина пати – вели Илиоски.

Четириесетина граѓани кои крв дале 25, 50, 75 и 100 пати добија плакети и благодарници. Градоначалникот Илија Јованоски ги нарече современи херои кои тивко, нечујно оставаат траен печат кај луѓето чии животи ги спасуваат.

Извор: “Неделник Зенит”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.