Манчестер Јунајтед бележи резултати под сите очекувања на стартот од новата сезона од Премиер лигата.
Црвените ѓаволи се наоѓаат на 15-та позиција со само 7 освоени бодови и без триумф на Олд Трафорд.
Легендарниот фудбалер на Манчестер, Патрис Евра е бeceн поради cpaмните резултати и не може да сфати зошто играчот кој пристигна како најголемо засилување во клубот не добива шанса. Станува збор за Дони ван де Бек.
Поранешниот играч на Ајакс од стартот на сезоната има одиграно само 70 минути.
“Тој секоја утакмица ја следи од клупа”, вели Евра видно изреволтиран од потезите на тренерот Солскјер.
На неговите зборови се надоврзува и Гери Невил кој смета дека нелогично е да се доведи фудбалер за 40 милиони и да се остави на клупа.