Голема помош за младите музичари: Субвенции за купување на музички инструменти

Обезбедување на субвенции за купување на музички инструменти е еден од проектите наменети за млади лица кои денес ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Musical-instruments-640x285

Тој потенцира дека постојат голем број на музичари кои не можат да си дозволат поквалитетни инструменти и затоа оваа мерка ќе им биде од голема помош.

-Во своите континуирани залагања за унапредување на уметноста и земјаќи ги предвид финансиските потешкотии за купување на музички инструменти, ВМРО-ДПМНЕ предвидува проект со кој секоја година ќе бидат субвенционирани до 50 музичари годишно со еднократен паричен надомест од 75 проценти од сумата за купување на нов инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Во голема мера оваа поддршка ќе значи 100 отстотно покривање на средствата за купување на инструмент, а во случаите каде се работи за поскап инструмент, оваа субвенција ќе биде значителна помош во неговото обезбедување, рече Груевски.

Проектот ќе се реализира преку министерството за култура од септември 2017-та година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.