ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Продолжува акцијата „Еразмус“ – МИТ универзитетот фатен во нелегална работа!

Голема полициска акција на органите на прогнот за расчистување на неправилностите во работењето во високото образование во Македонија. Како што дознава Press24 од полициски извори, во рамки на акцијата под кодното име „Еразмус 2“ а врз основа на наредби на судија на претходна постапка извршени се претреси на три локации во Скопје и една во Македонски брод за да се обезбедат докази за незаконско работење на МИТ универзитетот.

281605-vnimanie-lazhni-fakulteti-na-mit-zapishuvaat-studenti

На четирите локации претесени се вкупно 7 места, а како што дознава Press24 при претресот на станот на сопственичката пронајдени се два индекси од кои еден на турски студен запишан на дентална медицина, за што МИТ Универзитет нема дозвола за работа.

mit_sopstvenicka mit_sopstvenicka2

Сопственичката на МИТ со Специјалните обвинителки

Во канцелариите на факултетот пронајдени се и списоци на суденти кои биле запишани на стоматологија и физиотерапија, за што Универзитетот исто така нема дозвола.
Во моментов УЈП има отворено налози за три фирми поврзани со МИТ и вршат проценка исто како и просветниот инспекторат. Покрај тоа, пронајдени се и каса прими од уплати и договори за студирање на козметологија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.