Голема бркотница на македонските патишта – полицијата апсеше криминалци

111 (1)

Вчера во 16,00 часот на магистралниотпат Гостивар – Кичево на „Мавровска раскрсница“, од страна на полициски службеници е сопрено возилото „Тојота Авенсис“ со гостиварски регистарски ознаки кое се движело од правец на Маврово, управувано од З.Д.(36) од Гостивар, а во кое како сопатник се превезувало уште едно лице.
Како што информираат од МВР, откако било побарано од возачот да даде документи за идентификација и да го изгасне од погон возилото, истиот го стартувал и со голема брзина се дал во бегство во правец кон Гостивар. Со службените возила полициските службеници се упатиле по него и на неколку стотина метри забележале дека од десната страна на возилото, совозачот низ прозорецот исфрлил една бела вреќа. Дел од полициските службеници застанале да го проверат и обезбедат исфрлениот предмет, а дел продолжиле со намера да го стигнат возилото.До „Здуњска крстосница“ не успеале да остварат визуелен контакт со возилото, по што со претпоставка дека истото се исклучило од регионалниот пат, се упатиле во правец на селата Здуње и Равен. Пред влезот во с.Равен забележале дека од спротивен правец, кон Гостивар, се движи возилото и со службеното возило му го попречиле патот и го принудиле да сопре. Во возилото бил затекнат само возачот, кој веднаш е лишен од слобода за понатамошно постапување. Местото каде бил исфрлен предметот е фотодокументирано и е утврдено дека во белата пластична вреќа има три поголеми кеси со непозната тревкаста материи, од кои две кеси биле облепени со самолеплива лента, а третата само врзана и дополнително ставена во друга најлонска кеса. Истите се подигнати за понатамошна постапка.

Полицијата превзема мерки и активности за утврдување на идентитетот и пронаоѓање на совозачот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.