Голема акциja пpoтив дpвокpaдците во Прилеп

Во периодот од 28.05.2021 до 03.06.2021 Одделението за внатрешни работи Прилеп презеде засилени активности за откривање и спречување на бесправна сеча, транспорт, складирање и трговија со огревно дрвна маса.

Во овој период привремено се одземени 11 возила кои се користеле за транспорт на дрвна маса, а одземена е и поголема количина на дрвна маса, која била предадена на шумската полиција.

Исто така, во наведениот период од слобода се лишени четири лица, за кои по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.