ГОЛЕМАТА ШПАНИЈА НА КОЛЕНА: Македонија лавовски се бори со “црвената фурија”

Црвената фурија и не е така фуриозна, барем за време на првиот дел од натпреварот во четвртото коло од групната фаза на Светското првенство во Франција.

32309274555_824883ac13_z-1

Македонија се држи во ритам со фаворизираниот противник, дури  во неколку наврати имаше и водство, најголемото од 3 гола. На крајот од полувремето резултатот на семафорот е 14:14, а сето тоа благодарение на одличниот на голот на Шпанија  Перес Де Варгас.

Нашите момци изгледаат страшно и моќно, што со право ни дава надеж да се надеваме на бодови на овој натпревар.

Македонија може да стигне до одличен резултат, а со ваква игра, со вака расположени Лазаров, Стоилов, Миркулоски …. на овој натпревар, позитивниот резултат за Македонија не би бил изненадување.

Капитенот Лазаров постигна 5 погодоци, а публиката “полуде” кога капитенот креираше и реализираше два цепелини.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.