Годишен концерт на танц студиото Зодијак

zodijak

Во четврток 28 април 2016 во 20 часот во големата сала од ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп годишен концерт ќе одржи танц студиото Зодијак. Концертот е по повод 17 години постоење на Зодијак  и  одбележување на интернационалниот ден на танцот 29 април.
Стотина танчери на најразлична возраст ќе се претстават со кореографии од класичниот балет, модерниот балет, современиот танц, а воедно ќе биде прочитана и итернационалната порака за оваа година која ја напиша кореографот Lemi Ponifasiо,а ќе биде  и промовиран видео спотот за ЗОДИЈАК во авторство на Љупчо Атанасоски.

Манифестацијата што ќе биде празник за очи, е поддржана од Општина Прилеп и повеќе  фирми од Прилеп.

-Седумнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето на таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред се, со танцот, како универзално средство за разбирање меѓу различните култури велат од студиото Зодијак.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.