Синоќа во преполната сала на ЦК „Марко Цепенков“, учениците и професорите од основното општинско музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп го оддржаа својот традиционален годишен концерт, претставувајќи се со повеќе дела. На концертот, настапија првонаградените ученици од државните и меѓународените натпревари кои музицираа на клавир, виолина, флејта, труба, кларинет, хармоника, народни инструменти и соло пеење.
На свеченоста беа врачени пригодни подароци на сите наградени ученици, а за прв пат беше доделена и плакета за „Најдобар ученик со највисоки достигнувања“.