Годината ќе биде бериќетна: Првото бебе во прилепската болница е женско, се роди утрово

Првото бебе во прилепската болница “Борка Талески” во Новата 2021 година е женско, а се роди утринава

Бебето се родило во 9:35 часот и е тешко 2.950 грама. Ова е второ дете на Ангелка Ѓорѓиева, а ќе се вика Инес.

„Да ви биди на сите среќна и бериќетна Новата година, поминавме прекрасно, презадоволна сум од тиимот со кој што соработував, докторката, бабицата, сестрата, целиот тим, поминавме лесно, дај Боже да биде така и оваа година лесна ии само убави работи“, истакна среќната Мајка.

Целиот прилог погледнете го на СИТЕЛ ТВ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.