Нема ништо посвето од јазикот, културата и духовноста на човекот во средината во која живее, рече покрај другото македонскиот режисер Столе Попов, во краткиот говор по добивањето на наградата во Битола.
– Една порака до политичарите – да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема, порача Попов.
Тој удри печат на 41. Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, не само како добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм 2020“, туку и со моќните пораки при обраќањето по примањето на признанието.
– Мислам дека е време да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења, негации, кои водат до тоа да исчезнат придавките кои никогаш не биле предмет на разговор, а камоли на прифаќање, додаде Попов.
Македонскиот режисер што ги режираше култните македонски играни филмови „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, потоа „Џипси меџик“, „До балчак“ и неколку документарци, го искористи свечениот миг да упати силни пораки до политичарите за идентитетот, јазикот, културата, духовноста, за негациите и „бришењата на придавките“…
Помеѓу присутните синоќа беше и претседателот на државата, Стево Пендаровски кој претходно имаше и свое обраќање.
Забележително беше дека режисерот Попов не доби аплауз од присутната публика на манифестацијата за овие моќни патриотски пораки во говорот. Но, Попов добива громогласен аплауз од милиони Македонци во Република Македонија и во светов.
За тие што пропуштија, еве го уште еднаш говорот на деценијата во МАКЕДОНИЈА: