Глобалниот настан „ТРКА ЗА МИР“, која опфаќа светски размери, а секоја втора година ја обиколува Европа поминуваќи 24.000 километри, оваа година во својата рута ја вклучи и општина Прилеп и денес пристигна во Прилеп. Факелот за мир кој што поминува во повеќе од 150 земји ширум светот, свечено ќе го причека и градоначалникот Марјан Ристески кој оствари средба со организаторите и учесниците.
„Огромна чест и задоволство ни е што можеме овој запален факел да го донесеме во нашиот град денеска. Сите желби за мир патуваат насекаде низ светот, но секако и низ 48 – те земји кои што трката за мир ги посети оваа година низ Европа, а меѓу нив и градот Прилеп“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Докажавте дека се грижите и сакате да придонесете за мирот, истакна координаторот на европскиот тим Дипауајан Ренер.
Трката нема натпреварувачки карактер, туку е промоција на меѓународниот мир, единство и меѓусебно разбирање.