Елена Велевска важи за една од дамите на домашната фолк сцена која ги има најскапите видео спотови, па и песни.
Пред крајот на летото Велевска со својот тим реши на нејзината публика да и подарат нова песна и спот, за кој овој пат беше задолжен Александар Ристовски-Принц.
Артан Кастрати е задолжен за музиката, Орце Зафировски текстот, Мишел Трајковски хармоника и Ферчо Мустафов сакс, а песната се вика “Овој живот убав е”.
Телевизиската промоција на видеото ќе биде во естрадниот магазин “Бекстејџ” во новата четиринаесетта сезона, која ќе се емитува секој работен ден во 16.15 премиерно и 22.15 репризно на Телма.
Кратката видео најава за новата песна погледнете ја ТУКА