Главното излетничко место на прилепчани врие од ѓубре: Некои луѓе треба постојано да бидат во кapaнтин (Фото галерија)

Диви депонии насекаде околу прилепското вештачко езеро

Од проектот за спортско-рекреативен центар кај вештачкото езеро во Прилеп кое го најави општина Прилеп, сеуште нема ниту трага, ниту глас.

Затоа пак диви депонии никнуваат насекаде околу едно од најпосетените излетнички места кај Прилеп.

Жално е што еколошката свест на некои наши сограѓани е на навистина ниско ниво, па се она што им смета во домовите го одлагаат во вакви средини кои треба да бидат извор на чист воздух.

Покрај дивите депонии, на самиот брег и во водата на езерото можат да се најдат и најразлични опаковки од храна и пијалоци.

Дечки, не сте манги ако пиете пиво, а потоа шишето го скршите од карпите покрај езерото!

Единствено нешто што е за пофалба од денешната слика кај вештачкото езеро е присуството на полицијата на два пункта, па ги немаше дрвокрадците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.