Често мора да ја полните батеријата на мобилниот телефон? Главниот виновник е Facebook апликацијата, покажа истражувањето на Tech World Zone.
Екипата на Tech World Zone одлучила Facebook апликацијата да ја замени со “Metal” апликацијата и забележале зголемување на траењето на батеријата за околку 20%, исто така воочиле дека “паметните телефони” побрзо работат без Facebook.
Нивното тврдење го поддржаа и корисниците на Reddit, кои на почетокот од годинава одлучиле да ја избришат Facebook апликацијата и сфатиле дека батеријата трае подолго.
Ф.Г.