Ги направија “салата”: Прилепчани победија со 70 разлика

Кошаркарите од прилепски Мега баскет синоќа против Младинец од Скопје го започнаа плеј-оф разигрувањето за влез во Втората кошаркарска лига, и буквално го растурија противникот.

Во преполната спортска сала на ООУ “Добре Јованоски”, вљубениците во кошарката беа сведоци на победа од 70 поени разлика – 109:39.

Со оваа убедлива победа, прилепчани уште еднаш најавија дека се главни играчи за пласман во повисок ранг на натпреварување, а сега ќе треба да триумфираат и во Скопје, за да ја поминат првата пречка на тој пат.

Кај прилепчани најразиграни беа: Стевананџија со 19 поени, Митрески со 20, Здравевски со 16 и Јаневски со 13 поени.

Вториот натпревар со Младинец се игра за 3 дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.