Приливот на странски директни инвестиции во Србија достигна 3,18 милијарди евра годинава до првата декада од ноември. Тоа го тврди гувернерката на НБС Јоргованка Табаковиќ, наведувајќи дека Централната банка проценува дека вредноста на тие инвестиции ќе изнесува околу 3,4 милијарди евра до крајот на годината.
-Очекуваме дека учеството на тековниот дефицит во БДП годинава ќе биде околу четири проценти, а на среден рок од четири до пет проценти, со се уште целосно покривање на нето-приливите на странски директни инвестиции. Зголемена е проекцијата на приливите на тие инвестиции за оваа година на околу 3,4 милијарди евра, изјави Табаковиќ на презентацијата на ноемврискиот извештај за инфлацијата.
Таа вели дека приливот на директни странски инвестиции досега го надминал целиот прилив од минатата година и дека од почетокот на годинава веќе изнесува повеќе од три милијарди евра, а повеќе од 60 отсто од овие инвестиции се насочени кон секторите со кои може да се тргува